spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Реконструкција на водоводна мрежа во н. Железара

Гази Баба: Реконструкција на водоводна мрежа во н. Железара

Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Водовод и Канализација, Златко Перински направија увид во градежните работи на реконструкцијата на водоводната мрежа во н. Железара.

Со менувањето на линијата, се исклучува дел од старата водоводна линија која во минатото беше предмет на чести дефекти на мрежата, со што ќе се подобри водоснабдувањето на жителите од н. Железара и н. Автокоманда.

Соработката на општината со град Скопје и јавните претпријатија ќе продолжи и во иднина преку реализација на заеднички проекти.

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Гази Баба: Пуштен во употреба нов лифт во ООУ “25 Мај”

0
Пуштен во употреба е новиот лифт во општинското основно училиште 25 Мај. Со реализацијата на овој проект го продолжуваме процесот на постигнување на целосна инклузија...