spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Градоначалникот Пецаков ги прими младите теквондисти кои освоија високи награди на...

Охрид: Градоначалникот Пецаков ги прими младите теквондисти кои освоија високи награди на Европското теквондо ИТФ првенство во Хрватска

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков завчера ги прими охридските теквондисти Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска кои освоија високи награди на Европското теквондо ИТФ првенство кое се одржа во месец март во Пореч, Хрватска.

Младите спортисти како дел од македонската теквондо репрезентација се напреварувале во повеќе категории во конкуренција од 850 натпреварувачи од 24 држави.

На средбата градоначалникот Пецаков им честише за постигнатите успеси и во името на Општина Охрид им додели еднократна парична награда, како мотив за понатамошни спортски достигнувања.

 

 

Извор: Општина Охрид

Прочитајте