spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВиница: За чиста општина

Виница: За чиста општина

Од с. Истибања започнува пролетната акција „ За чиста Општина Виница“, а во наредниот период ќе продолжи и во другите населени места и делови од градот. Акцијата ќе се спроведува во координација на Општина Виница, ЈП Солидарност – Виница и месните заедници поради покажан интерес за вклучување во истата и на месното население.

Таа ќе се спроведува еднаш неделно и истата ќе биде искорстена за да Градоначалникот Миле Петков оствари средби со граѓани на кои ќе ги слушне барањата, потребите и проблемите со кои се соочуваат, како и да ги запознае со идните активности на Општината.
– Во Истибања беше исчистено централното селско подрачје, паркот, просторот кај домот на културата и детската градинка, тротарот од влезот во Истибања до паркот, просторот околу споменикот во селото, железниот мост и тротоарот до селските гробишта;
– Беа поставени канти за отпадоци во паркот и на потегот од училиштето до паркот;
– Добиено е ветување од Македонија пат дека наредната недела да бидат заменети оштетените бетонски плочи поставени помеѓу тротоарот и меѓународниот пат за Р.Бугарија;
– Наскоро Општина Виница ќе постави и железни столбови на тротоарот на потегот од училиштето до паркот со цел истиот повеќе да не биде користен како паркинг простор;
– Посетата на Истибања беше искористена за посета на детската градинка и разгледување на можностите за подобрување на условите во кои дечињата претстојуваат.

 

 

Извор: Општина Виница 

Прочитајте