spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работен состанок со висока претставничка на Европската радиодифузна унија

МИОА: Работен состанок со висока претставничка на Европската радиодифузна унија

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити вчера оствари работен состанок со Радка Бетчева, раководител за односи со членки и комуникации за Источна Европа, во Дирекцијата при ЕБУ(Европска радиодифузна унија).

На состанокот се разговараше за реорганизација на администрацијата, состојбите со јавниот медиумски сервис МРТВ, предизвиците поврзани со реорганизацијата на администрацијата, како и за потребата од измена на законите и идните планови во овој контекст.

 

Министерот Алити и се заблагодари на Бетчева за посетата и за подготвеноста да помогне во овој процес. Комуникацијата и понатаму ќе се одржува на редовно ниво, се согласија соговорниците.

 

 

 

Извор : Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте