spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Се одржа 16 традиционална Детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

Карпош: Се одржа 16 традиционална Детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

Карпош во соработка со Детскиот ликовен центар – Скопје ја реализираа шеснаесеттата традиционална Детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, која се одржа во дворот на Кинотеката на РСМ. Во рамки на оваа културна манифестација, активно беа вклучени 29 учесници од десетте основни училишта на територија на локалната самоуправа. Имено, во процесот беа инволвирани основците на возраст од 11 до 14 години, кои добија поддршка од своите ментори – наставниците по ликовно образование.

 

Младите талентирани ученици ги пренесоа своите уметнички импресии на тврда подлога, користејќи ја техниката со темперни и акрилни бои, а нивните творби беа инспирирани од живописните пејзажи на манастирскиот комплекс „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, како и од мотивите на повеќе слободни теми од секојдневието. По завршување на ликовните активности, творбите беа изложени во дворот на Кинотеката.

 

По тој повод, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски им врачи дипломи на учениците и благодарници на менторите по ликовно образование. Претставникот на Детскиот ликовен центар им додели бладодарници на Одделението за образование од Општина Карпош, на Советот на Општината, на локалната самоуправа и на градоначалникот Јакимовски, за континуираната поддршка на уметноста, културата, како и на традиционалната детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...