spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Доколку настапи влошување на квалитетот на воздухот, јавноста ќе биде веднаш...

МЖСПП: Доколку настапи влошување на квалитетот на воздухот, јавноста ќе биде веднаш информирана

Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и градоначалникот на општина Тетово Билал Касами, ја посетија опожарената инсталација на компанијата „Пофикс“ во Тетово. При посетата, се сретнаа со сопствениците на компанијата и разговараа за потребните мерки и поддршка за санација на штетите.

Министерот Нуредини информираше дека внимателно се следат податоците за состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух од мониторинг станицата во Тетово. Согласно часовните податоци, во текот на претпладнето забележано е само мало покачување на часовни концентрации на ПМ 10 честичките, но во моментот нема место за паника.

Доколку настапи какво било влошување на квалитетот на воздухот, јавноста и општината ќе бидат веднаш информирани за преземање на мерки за заштита.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...