spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Одржан Вториот меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“

Петровец: Одржан Вториот меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“

Завчера се одржа Вториот меѓународен боксерски турнир кој се организира во чест на боксерската тренер легенда Мирослав Петровиќ од Куманово. Во негова чест името на боксерскиот турнир е „МИРОСЛАВ ПЕТРОВИЌ“ кој е од меѓународен карактер каде учество освен боксери од Македонија земаат боксери од повеќе држави како што се Србија, Бугарија, Црна Гора, Косово и уште неколку други држави.

Честа за доделување на пехарите како на првиот така и на синоќешниот втор по ред турнир му е доделена на поранешниот вицешампион во бокс во тешка категорија во поранешна Југославија и актуелен градоначалник на Општина Петровец – Борче Митевски. На турнирот присуствуваа и поранешни боксери, тренери како и градоначалникот на Општина Куманово – Максим Димитриевски.

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...