spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаПроцесот за обезбедување образовен кадар во градинките во Гази Баба сега зависи...

Процесот за обезбедување образовен кадар во градинките во Гази Баба сега зависи од МТСП

На 30.05.2022 од страна на Министерство за труд и социјална политика е примен поднесокот што советничката група на Левица го поднесе како точка на дневен ред пред советот на општина Гази Баба.

Истиот беше образложение и побарување на образовен кадар во градинките низ општината.

Градинките во Гази Баба се соочуваат со голем недостаток на образовен кадар (повеќе од 30 воспитувачи/негователи) и сето тоа влијае врз воспитувањето и негувањето на најмалите кое е круцијално во нивниот психо-физички развој.

На ред е МТСП , без пролонгирање, да одговори на барањето на жителите на општина Гази Баба и да престане да калкулира со образованието на нашите деца.

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте