ИутеКредит Македонија беше дел од програмата “Млади лидери и деловни менаџери” организирана од Советот на странски инвеститори, а под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.
Денес беа доделени сертификатите на сите учесници во програмата, меѓу кои беа и 12 млади до 29 години кои ја избраа ИутеКредит како компанија – ментор. Учесниците работеа во 2 различни тимови на проекти за новите услуги IutePay и Е- shop платежната солуција. Учесниците за време на 4 сесии се запознаа со принципите на работење на ИутеКредит, но имаа можност и да дознаат повеќе за теми кои ги интересираат, а поврзани со областа на финансиските друштва и микрофинансирањето. Секој од тимовите ја заврши програмата со изработка на финален проект.
“Среќни сме што оваа година имавме можност да бидеме дел од програмата “Млади лидери и деловни менаџери”, па дури и да бидеме една од компаниите за која учесниците покажаа најголем интерес. Сметаме дека квалитетните и образувани кадри се столб на секое општество, а токму со инвестиција во нивната до-едукација и давање можност за практична работа, го помагаме овој екстремно важен процес. Учесниците кои работеа на проектите за ИутеКредит ќе влезат во нашата дата база на потенцијални кандидати за вработување, бидејќи секогаш сме во потрага на амбициозни и вредни млади луѓе.”, изјави Горан Василев, главен извршен директор на ИутеКредит Македонија.
Извор: ИутеКредит Македонија