spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОгласи за вработувањеАМС: Оглас за вработување

АМС: Оглас за вработување

ОГЛАС БРОЈ 1/2022

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛНО ВРЕМЕ НА 1 (еден) ИЗВРШИТЕЛ

  1. Раководител на одделение за стручна поддршка на директорот, Одделение за поддршка на работата на директорот, Сектор за човечки ресурси и поддршка на работата  на директорот – 1 (еден) извршител.


Општи услови кои треба да ги исполнува кандидатот:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
    • активно да го користи Македонскиот јазик;
    • да е полнолетен;
    • со правосилна судска пресуда да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или   должност.

Посебни услови:

  • Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Кинезиологија, правни науки или образование;
  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

Распоред на работно време:

  • работни денови, од понеделник до петок од 7.30/15.30 – 8.30/16.30
  • 40 работни часови неделно

Основна нето плата :  29.714,53 денари .

        Потребни општи работни компетенции на средно ниво:

  • Решавање на проблеми и одлучување за работи од свој делокруг
  • Учење и развој
  • Комуникација
  • Остварување резултати
  • Работење со други/тимска работа
  • Стратешка свест
  • Ориентираност кон  странките/засегнати страни
  • Раководење и
  • Финансиско управување

Работно искуство:

  • најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;

Рокот за пријавување на кандидатите на јавниот оглас е 5 дена од денот на објавување на јавниот оглас во дневните весници, не сметајќи го денот на објавување.

Заинтересираните кандидати треба да достават своерачно потпишана Пријава, со прилог потребна документација, оригинал или заверена на нотар и тоа:

  • Пријава за јавен оглас бр. 01-2021 (www.ams.gov.mk);
  • Доказ за завршено образование;
  • Уверение за државјанство;
  • Уверение дека не му е изречена забрана за вршење професија, деност, должност;
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски,  француски, германски јазик);
  • Доказ за работно искуство;
  • Кратка биографија (со задолжителен контакт телефон и адреса) со писмо за мотивација

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса
АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТул.„Македонија„, бр. 38, 1000 Скопје (со назнака „за оглас за вработување„), Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Агенција за млади и спорт или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Агенцијата за млади и спорт.

Агенција за млади и спорт ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте