spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот...

Град Скопје: Делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре (24.06.2022 година) во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ се воведува делумна забрана за движење, во периодот од 6:00 до 20:00 часот.

Воведувањето на делумната забрана за движење е според одлуката од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ и да придонесат за зачувување на зеленилото од евентуални пожари.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...