spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Обуки за воспитно-образовниот кадар

Илинден: Обуки за воспитно-образовниот кадар

Општина Илинден, потпиша Меморандум за соработка со Академија ЦЕС, која во наредниот период ќе спроведе бесплатни обуки за усовршување на наставниците од основните училишта на територија на локалната самоуправа.

Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски  и директорката на Академија ЦЕС, Дијана Зафировска.

Академијата ЦЕС досега има обучено повеќе од 14.000 наставници од основно и средно образование кои се стекнале со звања од областа на иновациите и претприемништвото, креативните техники и методи во наставата, креирање на дигитални содржини, настава и учење во 21 век и создавање на иновативни училишта. Станува збор за акредитирана установа од страна на Министерството за образование и наука, Центарот за образование и возрасни, Бирото за развој на образование, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Центарот за стручно образование и обука.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...