Користете ги даночните услуги на „Мобилните даночни шалтери“. Со четири специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното населиние и бизниси.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и сл., како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи.
ВОЗЕН РЕД / ЈУЛИ 2022 |
|||||||
Број на МДШ | Општина/Место | Датум | Период (од-до) | Локација | |||
03 | Липково | 5 јули | од 10.00 до 15.00 часот | пред општинска зграда | |||
03 | Старо Нагоричане | 8 јули | од 10.00 до 15.00 часот | пред општинска зграда | |||
03 | Ранковце | 14 јули | од 10.00 до 15.00 часот | пред општинска зграда | |||
03 | Зрновци | 18 јули | од 10.00 до 15.00 часот | пред општинска зграда |
За возниот ред на Мобилните даночни шалтери, можете да се информирате и преку Инфо центарот 0800 33 000 или 02/3253 200.
|
Извор: Управа за јавни приходи