spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: 26 генерално собрание на IOTA

УЈП: 26 генерално собрание на IOTA

Управата за јавни приходи претставувана од директорката Сања Лукаревска заедно со раководствата на даночните администрации од 44 земји членки, ја утврдија новата петгодишна стратегија на IOTA, за период 2023 – 2027 година. На Генералното собрание беа разгледани: измените и дополнувањата на Повелбата, новиот Кодекс на однесување а се утврди и финансиската рамка за наредните години и Буџетот за наредниот период.

Даночната администрација на Исланд, стана полноправна членка на IOTA. Во периодот 2022 – 2023 година Извршниот совет на IOTA, ќе го раководат даночните администрации на земјите на: Австрија, Италија, Литванија, Норвешка, Полска, Португалија, Словенија и Велика Британија.

Наредното 27 – мо Генерално собрание на Интра – европската организација на даночни администрации ( IOTA) ќе го води даночната администрација на Грузија, додека 28-то Генерално собрание ќе биде под претседателство на Даночната администрација на Унгарија.

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

 

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...