spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗаедно со НАТО сојузниците ги јакнеме нашите позиции и обезбедуваме сигурност, безбедност...

Заедно со НАТО сојузниците ги јакнеме нашите позиции и обезбедуваме сигурност, безбедност и мир за нашите граѓани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Брнз, денеска го посетија носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Во продолжение Ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски:

„Безбедноста на една држава, нејзината стабилност, мирот и стабилноста во регионот е еден од основните услови кои обезбедуваат економски развој, просперитет и квалитетен живот за граѓаните.

Заедно со нашите сојузници од НАТО Алијансата, силно стоиме на позициите дека нашето заедништво е нашата најголема придобивка, гаранција за нашиот територијален интегритет и сигурност и воедно обезбедува перспектива и иднина за граѓаните.

Тоа го докажавме и со нашето единство и во пружањето поддршка, хуманитарна помош и медицински материјали за граѓаните на Украина, кои последните месеци се соочуваат со воената агресија од страна на Русија.

Војната во Украина покажа дека нашата одлука за членство во НАТО беше успешна стратешка цел и ве уверувам дека продолжуваме во нашата определба за зголемување на безбедноста и јакнење на демократијата, за исполнување на евроинтеграциската стратешка цел.

Заедно со членките во НАТО, покажувајќи несебична солидарност, учествуваме во обезбедувањето и зајакнувањето на демократските вредности, стандарди и права на сите граѓани, на сите земји на кои им е потребно.

Денеска, со нашето присуство на носачот на авиони „Хари С. Труман“, дел од НАТО флотата на Медитеранот го демонстрираме нашиот и капацитетот на нашите стратешки партнери, одбранбен капацитет, кои се дел од системот на Алијансата.

Со денешната посета, на што сум особено горд, ја демонстрираме поддршката за операциите на американските поморски сили во Европа.

Овој импресивен воен брод, има капацитет да носи 90 авиони или хеликоптери, има носивост од 100,000 тони ѝ е дел од генерацијата на најголемите бродови-носачи на Соединетите Американски Држави.

Северна Македонија е дел од комплексниот систем за ефикасни оперативни задачи, насочен кон обезбедување ефикасна колективна одбрана и одржување на безбедноста.

Нашата земја, заедно со партнерите, од најголемиот безбедносен и одбранбен сојуз во светот учествува и ќе продолжи активно да учествува во глобалните процеси за обезбедување мир, слобода и суверенитет.

Ние, заедно со НАТО сојузниците ги јакнеме нашите позиции за справување со сите конвенционални и неконвенционални закани и предизвици за сигурноста, безбедноста и за мирот.

Денес, повеќе од видливо е дека со овој наш стратешки влог, вложуваме во долгорочниот развој на нашата земја, ја обезбедуваме иднината на нашите деца, како рамноправен дел од најмоќниот воен сојуз во светот изграден и заснован на највисоките цивилизациски демократски вредности.“

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте