spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Коалицијата СЕГА објавува оглас за Младинскиот Центар

Охрид: Коалицијата СЕГА објавува оглас за Младинскиот Центар

Наскоро на територијата на општина Охрид ќе започне со работа првиот Младински Центар кој ќе функционира согласно Законот за младинско учество и младински политики.

Младинскиот центар е место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики.

Со Младинскиот Центар- Охрид ќе раководи Коалицијата на младински организации СЕГА- Прилеп, која беше избрана согласно јавниот повик за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот Центар.

За потребите на Младинскиот Центар- Охрид, СЕГА има потреба од ангажман на:

  • Раководител на Младински Центар- 1 извршител
  • Младински работници- 2 извршители

За таа цел, Коалицијата на младински организации СЕГА објавува повик за вработување на три лица за Младинскиот Центар- Охрид.

Целосната апликација за вработување во Младинскиот Центар може да се добие на следниот ЛИНК (https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/MCOPersonal2022). Краен рок за аплицирање е 10.07.2022 до 23:59 часот.

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте