МИОА ја одржува втората работилница за ,,Евалуација на реформата на јавната администрација 2018 – 2022 и препораки за новата Стратегија и акцискиот план”, со поддршка на РеСПА.
Работилницата се одржува во Охрид, водена од страна на Александар Пановски, експерт ангажиран од РеСпа и брои 29 учесници: претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Генерален Секретаријат, Министерство за труд и социјална политика, канцеларија на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Агенција за администрација, Секретаријат за европски прашања, Завод за статистика, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државна комисија за спречување на корупцијата и од Канцеларијата на Претседателот на Владата.
Учесниците имаат практична работа, поделени во работни групи за секоја од четирите приоритетни области од Стратегијата и работат на целите и мерките кои произлегуват од истата во насока на подготовка на поуспешна нова Стратегија.
Од оваа работилница ќе биде подготвен извештај за евалуација.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација