spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Силно граѓанското општество има важна улога во развојот на зелената економија...

МЖСПП: Силно граѓанското општество има важна улога во развојот на зелената економија и заштитата на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини потпиша Меморандум за соработка со директорката на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска за проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“.

Проектот ќе се реализира како соработка на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, Македонското здружение на млади правници (МЗМП)  и Организација за поврзување на природните вредности и луѓето (ЦНВП), а е поддржан  од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка (Sida).

Со потпишувањето Меморандумот за соработка МЖСПП ги потврдува своите заложби за  градење на силно и енергично граѓанско општество кое игра значајна улога во процесите на декарбонизација, трансформација и ревитализација на општеството, важни за развојот на зелената економија, обезбедувањето на чиста животна средина и зачувување на здравјето на граѓаните во Рeпублика Северна Македонија.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...