spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Продолжува да се работи на локалитетот Стакина Чешма

Валандово: Продолжува да се работи на локалитетот Стакина Чешма

Градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов, заедно со претставници од НУ Археолошки музеј на 19.05.2022 год. го посети археолошкиот локалитет „Стакина Чешма“ во Валандово каде се вршат истражувања на луксузна доцноантичка вила, откриена претходниот период.

„Стакина Чешма“ е локалитет кој започнал да се истражува од 1987 година. Досега, на истиот се евидентирани десет, а целосно истражени осум простории, еден базен со полукружна форма, наречен Римски домус и подна мозаична површина со мермерни плочи и ѕид од камен, изведен во полукружен облик.

Мозаикот како важен елемент на локалитетот е изведен од полихромни тесели во разни мотиви, кои започнуваат со претстава на геометриски шестоаголни и квадратни мотиви, поле со брановидни мотиви и поле со триаголници.

Откривањето на овој локалитет, ги потврдува досегашните претпоставки дека се работи за комплекс на луксузни објекти, вили и палати, датирани од доцноримскиот период, со исклучително значење за македонската археологија и културолошка посебност.

 

 

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...