spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Меѓународна Ликовна колонија

Валандово: Меѓународна Ликовна колонија

Градоначалникот на општина Валандово ги прими и разговараше со учесниците на ликовната колонија Валандово за 2022 година.

Заеднички го потврдија значењето на манифестацијата и вредноста која се создава преку истата. Градоначалникот Перо Костадинов лично им се заблагодари за годинешното учество и им посака многу успех во иднина.

Валандовската ликовна колонија има меѓународен карактер и опстојува 26 години.

Манифестацијата беше отворена на 2 јули и ќе трае до 7 јули. Истата, се одржува во Домот на културата во Валандово, учесниците творат во техники акрил и масло на платно и создаваат уметнички дела со голема вредност.

Насликаните дела, остануваат во сопственост на Домот на културата „25 мај“ – Валандово и се од огромно значење за локална посебност на нашата заедница.

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...