Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата од подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет.
Исплатени се 1615 лица со вкупна сума од 72.1 милиони денари.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци кои имаат предадено јагне во регистриран кланичен капацитет. Висината на финансиската поддршка изнесува 400 денари по грло за предадено јагне.
Реализацијата на оваа подмерка се врши врз основа на податоци за предадени и заклани грла јагниња кои до Агенцијата ги доставуваат регистрираните кланични капацитети.
Дополнително заедно со оваа исплата, реализирани се и плаќања по основ на финансиска подддршка за трошоци за набавка на вештачко ѓубриво во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед.
Исплатени се 36.5 милиони денари за 2.168 лица кои имаат набавено вештачки ѓубрива во периодот од 01 декември 2021 година – 31 мај 2022 година.
Висината на оваа финансиска поддршка по корисник изнесува :
4000 денари / хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубрива и тоа во количина најмалку од 200 килограми / хектар за пченица и пченка
2500 денари / хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубрива и тоа во количина најмалку од 200 килограми / хектар за јачмен
2500 денари / хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубрива и тоа во количина најмалку од 100 килограми / хектар за сончоглед
400 денари / хектар за трошок за набавка на течни фолијарни ѓубрива и тоа во количина најмалку од 6 литри / хектар за пченица, јачмен, пченка и сончоглед.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој