spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаГруби: Градиме мир меѓу себе за доброто на новите генерации

Груби: Градиме мир меѓу себе за доброто на новите генерации

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби учествуваше денес на комеморативната седница на Комитетот за односи меѓу заедниците во Собрание, по повод 11 јули – Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

„Низ многу мрачни етапи на непријателство поминаа нашите земји, се пролеа многу невина крв и конечно се разбудивме, градејќи мир меѓу себе во корист на идните генерации. Една од оние трагедии што секој Јули не потсетува на болката на бошњачкиот народ, е геноцидот во Сребреница во 1995 година. Ќе поминат многу години и векови, оваа голема трагедија која резултираше со убиство на околу 8.000 невини луѓе ќе остане засекогаш запаметена“ – истакна меѓудругото првиот потпретседател на Владата, г. Артан Груби.


Во продолжение целосниот говор:

Почитуван претседател на Собранието, г. Талат Џафери,
Почитувана претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Арбана Пашоли,
Почитувани пратеници, претставници на граѓанскиот сектор, претставници на медиумите,
Почитувани сограѓани од бошњачката заедница, дами и господа,

Во моментите кога во Балканските земји се градат мостовите за помирување помеѓу народите и кога даваме најдобар пример за миротворство не смееме никако да го заборавиме минатото, сосема спротивните епизоди од она што го имаме денес, епизоди кои ја потресоа совеста на целиот свет, кои ја тресат и нашата совест денес.

Многу мрачни периоди на непријателства видоа нашите земји, многу невина крв се пролеа и конечно се разбудивме, градиме мир меѓу себе во корист на идните генерациите.

Една од оние трагедии што секој Јули не потсетува на болните доживувања на Бошњаците е геноцидот во Сребреница во 1995 година.

Ќе поминат многу години и векови, оваа голема трагедија која резултираше со убиство на околу 8.000 невини луѓе ќе остане засекогаш запаметена.

Светот се згрози, застана да ги запре злосторствата и неправдата, да ги осуди одговорните за најмрачните глетки во историјата на Балканот.

Драги пријатели,
И народот во Косово ја доживеа истата болка после вас, ја доживеавме и ние овде во Северна Македонија, но триумфиравме над нашите праведни причини за слобода и еднаквост, еве не денес, слободни во нашите земји, со сите права и слободи, ја градиме иднината на развојот сите заедно.

Поинаку не можеше да биде, правдата задоцнува, но никогаш не заборава!

Многумина би рекле дали е лесно да се продолжи патот со оваа болка на плеќите?
Воопшто не е лесно.
Дали е лесно да се прости? Ова е уште потешко!
Но, дали треба да се повторат вакви слики на злосторство под изговор за одмазда или правда? Никогаш!

Никој не вели дека треба да го заборавиме минатото, туку дека треба да собереме сили, да ја пружиме раката на помирувањето, да се бориме против деструктивните идеологии на предрасудите, омразата и слепиот национализам.

Никој од нас не би сакал на своја кожа, во неговото семејство да доживее такви злосторства,  заради нашите идни генерации мора да ги изградиме неуништливите темели на мирот.

Не е случајно воспоставувањето на нашата соработка во “Отворен Балкан“. Нашата цел е да ги подобриме односите на мрачната историја, да си помагаме еден на друг и заедно да го изградиме патот на развојот на нашите земји. Иницијатива за да ги затвориме вековните рани преку помирување не преку заборавање, градејќи го патот за идните генерации.

Врз основа на овој принцип, работиме на решавање на четвртиот и последен спор со соседна Бугарија. Ние овде заедно во оваа држава, во ова Собрание, пратениците преку одобрувањето на Охридскиот договор ги запечативме основите на еднаквоста на сите заедници, македонската, албанската, босанската, влашката, српската, ромската заедница, а потоа го отворивме патот за членство во НАТО преку Договорот за добрососедство со Грција и станавме дел од НАТО, го затворивме и спорот со Србија преку автокефалноста на православната црква и убедени сме дека ќе ја решиме и последната пречка што ќе го отклучи нашето членство во Европската Унија, но секогаш без никаква дилема со почитување на целосниот историски, културен и јазичен идентитет на нашите сограѓани Македонци.

Малку порано на прашањата на новинарите реков дека прв ќе гласам против секој предлог што ќе дојде и ќе му наштети на јазичниот и историскиот идентитет на нашите македонски сограѓани, но кога ќе се уверам во спротивното, за било кој компромис кој го штити културниот идентитет,  ќе мора да имаме храброст заедно да размислуваме за идните генерации, а не за идните избори. Големите одлуки треба да ги носат одговорни политичари кои не мислат на себе, туку на своите внуци.

Балканските народи ја имаат судбината во свои раце. Да не го заборавиме минатото за да не ни се повтори и да гледаме напред, за заедно да ги сееме плодовите на развојот.

Вашето внимание ме почести!
Ви благодарам!

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...