spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Промовирана мобилната апликација Bebbo

МЗ: Промовирана мобилната апликација Bebbo

Министерот за здравство, д-р Беким Сали вчера присуствуваше на промоцијата на мобилната апликација Bebbo, изработена од регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Средна Азија. Оваа апликација нуди поддршка на родителите на деца од 0 до 6 години, поврзана со здравјето и нивниот развој.

Здравјето на детето почнува уште во перинаталниот период и е поврзано со здравјето на мајката. Аапликацијата нуди директна помош за мајките уште во периодот на бременост. Имајќи предвид дека мобилните апликации се само еден дел од „новиот свет“ во кој живееме, навистина ни претставува задоволство да бидеме партнер во креирање на оваа апликација, која нуди лесен пристап до сеопфатни и проверени информации, како и интерактивни алатки за развој и здравје на децата, истакна министерот Сали во обраќањето на промоцијата.

Оваа апликација е единствена мобилна апликација од ваков тип, достапна на македонски и албански јазик, која обезбедува стручни совети, видеа, насоки и препораки базирани на наука. Изработката на апликацијата Bebbo е одличен пример за меѓусекторска соработка на повеќе чинители како УНИЦЕФ, Европската унија, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, како и Министерството за труд и социјална политика.

Инаку, во тек е реализација на неколку заеднички иницијативи на Mинистерството за здравство во соработка со УНИЦЕФ, како што се националната кампања за рутинска имунизација, испраќање унифицирани СМС пораки до родителите кои ја пропуштиле вакцината како и национален план за catch-up имунизација, што е моментално во изработка. Паралелно се работи и на имплементација на иновативни технологии за унапредување на дијагностиката и третманот во градските и приградските населби, а особено во руралните средини каде е потежок пристапот до здравствена услуга.

Континуирано вложуваме во унапредување на услугите на ниво на примарната здравствена заштита. Во делот на системските услуги за деца, во тек е креирање техничка група кој работи на педијатриски мастер план 2030, а во соработка со Европската унија спроведовме функционална анализа на поливалентната патронажа, од која ќе произлезат препораки за подобро функционирање на оваа служба.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте