Државниот секретар Трајчулески во Солун учествува на Форумот за поврзување на транспортот
Државниот секретар од Министерството за транспорт и врски, Митко Трајчулески, денеска учествува на меѓународниот Форум за поврзување на транспортот, што се оддржува во Солун, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Грција.
Во своето обраќање тој го потенцира значењето на Паневропските коридори 8 и 10 кои минуваат низ Република Северна Македонија, како и инвестициите и капиталните проекти што се реализираат за изградба и модернизација на патната и железничката инфраструктура во државата.
“Посветени сме на изградба на модерни и безбедни патишта, како и на реконструкција на постоечката мрежа со што ќе овозможиме побезбеден превоз за патниците, побрз транспорт на стоки и услуги, што ќе придонесе за развој на економијата и ефикасно регионално поврзување. Сите сме свесни за последиците од ковид кризата и можам да кажам дека Владата презема навремени мерки, со што успешно обезбеди континуитет на капиталните проекти. Особено акцент ставаме на доизградба на железничката мрежа, како начин на транспорт кој е побезбеден, побрз и еколошки одржлив, преку кој може да ја промовираме и мултимодалноста.” – изјави државниот секретар Трајчулески.
Тој исто така ги потенцираше и придобивките од иницијативата “Отворен Балкан”, конкретно преку воведувањето на “зелени коридори” чија цел е олеснување и забрзување на царинските процедури и транспортот на стоки и услуги.
Во рамките на Форумот, предвидено е државниот секретар Трајчулески да оствари билатерална средби со Јоанис Смирлис, генерален секретар на Министерството за надворешни работи на Грција.
Со почит.