Во Домот на култура ,,Илинден” денеска беше презентиран Стратешкиот план за развој на Општина Илинден во периодот 2022-2026. Пред присутните, се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој ги истакна клучните приоритети и проекти во интерес на жителите на Општината.
Градоначалникот Георгиевски додаде дека при планирањето на секојдневните активности, размислуваме и за идните генерации. Воспоставеното партнерство и соработката помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор е единствениот механизам за обезбедување на легитимност на стратешките и акционите планови во создавањето на подобри услови за економски раст, отворање на нови работни места, воспоставување и одржувањe динамична претприемачка култура и создавање на квалитетни услови за живеење.
На крај, градоначалникот изрази благодарност до сите учесници и поддржувачи на процесот, како и до сите чинители во општината кои придонесоа за квалитетна и навремена реализација на овој стратешки документ на Општина Илинден.
Извор: Општина Илинден