Како дел од битолското културно лето БИТ ФЕСТ, во рамките на Балкан гала фестивалот, на Ракометното игралиште во Битола, многубројната публика имаше можност да се забавува со Поп симфонијата на која гостуваа Ламбе Алабаковски, Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Александра Јанева и Виктор Апостоловски.
Изведувачите беа придружувани од Камерниот оркестар на Битола со диригентот Владимир Димовски.
Извор: Општина Битола