spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Декларацијата за женско претприемништво

Валандово: Декларацијата за женско претприемништво

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов,  заеднички со координаторката на Националната платформа за женско претприемништво за Југоисточниот плански регион, Ксенија Манева Вангелова и претседателката на Здружението на граѓани „ИСЧЕКОР – ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“ – Валандово, Марија Карамучева Узунова, ја потпишаа Декларацијата за женско претприемништво, со што Општина Валандово се вклучува во националната иницијатива за развој и поддршка на жените во претприемништвото.

Целта на декларацијата е преку заеднички пристап да се подобрат состојбите на локално ниво, да се придонесе кон развојот на женското претприемништво во локалната заедница и што повеќе жени да се охрабрат и започнат сопствен бизнис.

Превземаме обврска да ги следиме трендовите на глобално ниво, да ги примениме најдобрите практики од светот дома и заедно да создадеме систем кој информира, нуди решенија и ги поттикнува жените. Жената може да се соочи со предизвиците, исто како и мажот. Ја промовираме еднаквоста како вредност и ги рушиме стереотипите.

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...