Следните денови започнува изградбата на нова улица во Балинци и инфраструктурно поврзување на централниот дел од населеното место со Горна мала.
Улицата е со должина од 700 метри, ширина од 4 метри, a предвидено е и решавање и канализирање на атмосферските води.
Се работи за инфраструктурен проблем со кој се соочуваат повеќе од 40 домаќинства од ова населено место, приоритетно барање од граѓаните и проект кој значајно ги подобрува условите за живот таму.
Рамномерно инвестираме во сите населени места во општината и отстрануваме неправди. Граѓаните од Балинци заслужуваат праведен пристап во распределбата на јавните средства подобри услови за живот и еднаков развој со останатите.
Извор: Општина Валандово