Учество на СОНК на специјална конференција на ETUCE

СиндикатиУчество на СОНК на специјална конференција на ETUCE

Најчитано

На 5 и 6 јули 2022 година, во Лиеж, Белгија се одржа Специјална конференција на ETUCE на тема: „Мобилизирање за квалитетно образование“ (“Mobilising for Quality Education”).

Во текот на Конференцијата, претставниците на синдикатите, членки на ETUCE, се сретнаа и дебатираа на оваа тема, со цел зајакнување на солидарноста помеѓу наставниците и другите вработени во образованието низ Европа.

На конференцијата беа усвоени Предлог-резолуцијата за Синдикалниот ангажман и активност во Европа: „Мобилизирање за квалитетно јавно образование, за придобивките на учениците и подобрување на статусот на наставниците и целиот образовен кадар“, како и „Мировната резолуција за Украина“.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК го претставуваа Претседателот на СОНК, Јаким Неделков и Лена Спасеновска Поповска, член на Советот на СОНК.

По усвојувањето на нацрт-документот: „Подигнување на статусот и подобрување на атрактивноста на наставничката професија“, во името на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, до присутните се обрати Лена Спасеновска Поповска.

Текстот од обраќањето во целост, може да се види тука.

Повеќе детали во врска со Конференцијата може да се  прочита и погледне на следниот линк.

 

 

 

 

 

Извор: СОНК

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе