spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваШаќири: Соработката со невладиниот сектор го зајакнува интеркултурализмот и дијалогот помеѓу заедниците

Шаќири: Соработката со невладиниот сектор го зајакнува интеркултурализмот и дијалогот помеѓу заедниците

Соработката помеѓу државата и невладиниот сектор е еден од условите за развој и зајакнување на интеркултурализмот, меѓусебното почитување и соработка помеѓу заедниците во државата.

Ова го изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу МОН и Нансен Дијалог Центар од Скопје.

Целта на овој Меморандум е продлабочување на соработката и преземање на мерки и активности за поддршка на континуиран професионален развој на воспитно-образовни субјекти во сфера на интеркултурализам, како и придонес во развој на стратешки и иновативни интеркултурни приоди и практики.

– Потпишувањето на овој Меморандум е продолжување на успешната соработка со Нансен Дијалог Центарот, кој изминативе години реализира обуки и студиски патувања за наставниците од основните и средните училишта, со единствена цел, односно промоција и развојот на интеркултурализмот во образованието во Република Северна Македонија, изјави Шаќири.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...