Канцеларијата за иселеници ќе работи со продолжено работно време.
Во текот на следните неколку недели, Канцеларијата за иселеници кај општина Гостивар, од 7 јули ќе почне со работа со продолжено работно време.
Канцеларијата се наоѓа во просториите на Центарот за општински услуги на приземје на зградата на општина Гостивар и ќе работи од 08:00 до 18:00 часот, секој работен ден.
На иселениците им посакуваме пријатен одмор во татковината!
Извор: Општина Гостивар