Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари завчера прифати донација за Територијалната единица на пожарникарите, со што значително се подобруваат условите за работа на гостиварските пожарникари.
Донацијата од меѓународното хуманитарно здружение со седиште во Германија “Hasene” е противпожарно возило со ескалатор кое се користи за гаснење пожари во повеќекатници.
“Му благодарам на хуманитарното здружение “Hasene”, со седиште во Германија за оваа донација што ни донесе противпожарно возило со ескалатор што ќе се користи за гаснење пожари во катните згради и други интервенции“, изјави претседавачот Арбен Таравари.
Возилото значително ќе го олесни пристапот, но и ќе ја зголеми успешноста и брзината на дејствијата во текот на работата на пожарникарите.
Извор: Општина Гостивар