spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Минималната плата во контекст на економските прилики

Гостивар: Минималната плата во контекст на економските прилики

 

Локалниот економско социјален совет (ЛЕСС) Гостивар и Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) Гостивар на 23 јуни 2022, организираше Панел дискусија на тема: Минималната плата во контекст на економските прилики во Гостивар.

Настанот е во соработка со Младинскиот културен центар – Битола во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.

Темата на панел дискусијата произлезе од околу актуелните прилики поврзани со растот на минималната плата, но генерално и на животните трошоци. 

На панел дискусијата присуствуваа претставници на синдикатите, работодавачите, локалните институции, јавни претпријатија, како и претставници на граѓанскиот сектор. 

Во воведот на дискусијата Дашмир Османи, советник за Локален економски развој, ги презентираше наодите од спроведената анализа на пазарот на трудот во Гостивар. Анализата е дел од годишниот план на работа на ЛЕСС Гостивар. Наодите покажуваат дека во сите сектори недостигаат работници, стручна и квалификувана работна сила.

Гоце Димовски, експерт за инвестиции и економски развој во својата презентација се осврна на зголемувањето на минималната плата и реакциите предизвикани од ваквото зголемување – бура на незадоволства на голем дел од граѓаните во Гостивар и воопшто на ниво на држава заради бараното скалесто покачување на останатите плати.

Новица Алексиевски од Сојузот на синдикати – канцеларија Гостивар се осврна клучната улога на ССМ во донесувањето на Законот за минимална плата во 2012 година.  Според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата од март 2022,  околу 80.000 вработени, работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата.

Нагиб Фејзи од бизнис заедницата и потпретседател на Стопанската Комора на северо-западна Македонија потенцираше дека бизнисот веќе не може да се најде работник што би работел под 22.000 денари. И тоа е некој просек што го исплаќаат производствените капацитети во општината.

 

 

Извор: Општина Гостивар 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...