Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, ги прими и разговараше со Јована Атанасова од ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово и Ристе Атанасов од ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово кои годинава се избрани за најдобри ученици во своите генерации.
Градоначалникот им честиташе за постигнатиот успех и им посака да продолжат по патот на науката, како и до сега.
Образованието е основен предуслов за развој на индивидуите и темелот за успех на заедниците.
Преку стекнување нови знаења отвараме можности и креираме перспективи. Стануваме подобри луѓе, се запознаваме со етичноста, критички опсервираме и учиме да мечтаеме.
Извор: Општина Валандово