spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Прием на најдобрите ученици од основните општински училишта

Валандово: Прием на најдобрите ученици од основните општински училишта

 

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, ги прими и разговараше со Јована Атанасова од ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово и Ристе Атанасов од ООУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово кои годинава се избрани за најдобри ученици во своите генерации.

Градоначалникот им честиташе за постигнатиот успех и им посака да продолжат по патот на науката, како и до сега.

Образованието е основен предуслов за развој на индивидуите и темелот за успех на заедниците.

Преку стекнување нови знаења отвараме можности и креираме перспективи. Стануваме подобри луѓе, се запознаваме со етичноста, критички опсервираме и учиме да мечтаеме.

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...