Во рамки на акцијата ,,Градежна офанзива” продолжуваат градежните активности за асфалтирање на локалните улици и пешачки патеки во повеќе населени места во општина Илинден.
Денеска се асфалтираше крак на улица ,,500” во Марино во должина од 170 метри. Во Дељадровци асфалтиран е крак на улица ,,2” во должина од 160 метри. Градежните активности за реконструкција на патната инфраструктура и во останатите населени места во општина Илинден ќе продолжат и во наредниот период.
Извор: Општина Илинден