Деновиве започнаа градежни работи за изградба на крак кој води кон ул „Кеј на Брегалница“ во населбата Трети Реон зад комплексот на станебните згради. Во моментов се врши поставување рабници и се работи на долниот строј од улицата која е во должина од околу 100 метри, по што ќе следува поставување асфалтен слој.
Изградбата на оваа улица е дел од инфраструктурниот пакет финансиран од Буџетот на Општина Делчево во висина од 12.000.000 денари. Во рамките на овој пакет инфраструктурни проекти во првата фаза ќе се работи и на изградба на дел од ул „Грозданец“ во должина од 200 м, на пристапна улица кон улица „Илинденска“, како и изградба на потпорен ѕид на ул. „Маршал Тито“ и потпорен ѕид на ул. „Острец“ во должина од 33 метри.
Изведувач на работите за изградба на општински улици е ОСД „Кирил“ од Скопје.
Извор: Општина Делчево