HomeОпштиниГевгелија: Средба на генерации кошаркари на КК „Кожув“- Гевгелија

Гевгелија: Средба на генерации кошаркари на КК „Кожув“- Гевгелија

За време на одржувањето на Меморијалниот меѓународен турнир во кошарка во Гевгелија, по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, КК „Кожув“- Гевгелија организираше средба на генерации.

Имено, поранешни и сегашни кошаркари на Клубот, почнувајќи од генерацијата 1970/71, имаа можност на средбата да се дружат, да се потсетат на старите денови и да разменат спортски искуства.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој присуствуваше на оваа средба и како поранешен член на КК „Кожув“- Гевгелија, истакна дека особено задоволство е да се биде помеѓу поранешните и сегашните кошаркари кои го дале и се уште го даваат својот придонес во развојот на кошарката и воопшто во функционирањето на гевгелискиот кошаркарски клуб, со надеж дека оваа средба ќе стане традиционална.

Извор: Општина Гевгелија

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...