HomeОпштиниКуманово: Презентиран проектот “Отворен Балкан можности за промоција на земјоделски производи и...

Куманово: Презентиран проектот “Отворен Балкан можности за промоција на земјоделски производи и храна”

Проектот“Отворен Балкан можности за промоција на земјоделски производи и храна” е дел од деловната соработка помеѓу ЈПК “Тржница” – Нови Сад и Друштво за консалтинг Бизнис Центар “МГМ” – Скопје, со цел логистичка подддршка на создавање на деловни врски на земјите членки на Отворен Балкан, промоција на земјоделските производи и производители на храна, заеднички настап на пазари со земјите од Отворен Балкан пред други земји, поддршка за апликација за ЕУ фондови и експертска поддршка.

Овој проект започна со првата иницијатива на создавање на деловни врски помеѓу Србија и РСМ преку промоција на земјоделските производи и храна во Нови Сад.

По тој повод денеска во просториите на Општина Куманово секретарот Гелевски, претставници на општинската администрација и Гезим Кадриу, директор на ЈП “Пазаришта” се сретнаа со: Урош Лончар, директор на ЈПК “Тржница”-Нови Сад, Марко Арсенијевиќ, директор на маркетинг на ЈПК “Тржница”, Тања Јакшиќ- меѓународен консултант, Марија Крстева, менаџмент консултант за мали и средни претпријатија од Бизнис центарот “МГМ”- Скопје. Во кружната сала во Комитет претставниците од “Тржница”-Нови Сад ги презентираа своите капацитети за прием на производи, како и начинот на пристап на пазарите.

Покрај инволвираните страни, кои активно работат на проектот, на настанот присуствуваа и претставници на Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство на РСМ, земјоделски задруги, откупувачи, производители на земјоделски производи и храна.

Извор: Општина Куманово

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...