Во просториите на општина Гази Баба денес градоначалникот Бобан Стефковски имаше средбa со Милијана Релиќ која вежба во теквондо клубот „Тигри“ и е жител на општина Гази Баба, а има постигнато врвни успеси во таеквондо спортот благодарение на долгогодишниот тренер во клубот Александар Ефтимов.
Последно Рељиќ освоила бронзен медал на Кроација Г2 Опен во јуни 2022 година.
Ова е уште еден доказ дека општина Гази Баба е најспортската општина во градот Скопје која поседува спортски таленти со врвни достигнувања во сите спортски категории.
Извор: Општина Гази Баба