Денеска во просториите на Општина Куманово претседателката на Совет на Општината одржа средба со професор Марјан Спасиќ од ОСТУ “Наце Буѓони”-Куманово и 7-те ученици-учесници на националниот MOS натпревар, кој се одржа во Скопје минатиот месец.
Ученичката Нина Додиќ од ОСТУ “Наце Буѓони” го освои првото место на натпреварот, со што се стекна со право на учество на Светскиот Microsoft Office Specialist натпревар, кој ќе се одржи од 24.07. до 27.07.2022 година во Анахем, САД.
Општина Куманово даде поддршка за тестирање по Microsoft Office Specialist апликации за ученици од општински основни и средни училишта, продолжувајќи да ги поддржува нивните понатамошни успеси и учества на натпревари.
Извор: Општина Куманово























