HomeОпштиниВелес: Апел до граѓаните

Велес: Апел до граѓаните

Поради екстремно високите температури кои следат во наредните денови, Општина Велес со апел до граѓаните, внимателно да се движат во шумите, да не фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не палат оган на отворено и да не фрлаат остатоци од цигари на отворен простор. Се апелира до граѓаните да се воздржат од палење стрништа  и совесно да се однесуваат кон природата со цел да ја заштитиме од пожари.

Секоја евентуална појава на пожар, граѓаните да ја пријават во Територијалната противпожарна единица, јавното претпријатие „Македонски шуми“, во полиција, во локалната самоуправа и во Дирекцијата за заштита и спасување.

Да се однесуваме совесно и да ја зачуваме природата заедно!

Извор: Општина Велес

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...