spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Заедно со ЕУ започнуваме значајна реформа во секторот шумарство – Проект...

МЗШВ: Заедно со ЕУ започнуваме значајна реформа во секторот шумарство – Проект вреден 1,3 милиони евра средства обезбедени од ИПА фондовите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Европската Унија започнува голема и значајна реформа во секторот шумарство. Проектот е финансиски поддржан од страна на ЕУ со грант од 1,3 милиони евра, средства обезбедени од ИПА фондовите.

Важноста на шумите е еден од приоритетите на МЗШВ и Владата. Континуирано го унапредиме нивното одгледување и заштита, како и чувањето на шумите и шумското земјиште како природно богатство.

Изминатите осум месеци претставници на министертвото и Европската Унија, заедно со сите засегнати страни, јавни институции, претставници на научната јавност, екологисти и невладини организации во областа на шумарството интензивно работеа на проектот „Поддршка на реформите во политиката и законската рамка во шумарството во Северна Македонија“. Работната група работеше на трите очекувани резултати од проектот, односно ревидирање на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Северна Македонија (2006-2026), потоа кон изработка на нов Закон за шуми усогласен со нормативите на ЕУ и подготовка на нова Национална програма за шумарство за имплементација на законот за шуми и Стратегијата за одржлив развој.

Министерот Николовски во своето обраќање на завршната Конференција каде беа презентирани резултатите од досегашната работа на работната група посочи дека сега е вистинскиот момент за реализација на предложените клучни реформи во шумарството, истакнувајќи дека реализацијата на овој проект ја обезбедува оваа значајна реформа во секторот шумарство.

„Со успешно завршување на овој проект ќе се постават здрави основи за ефикасно спроведување на главниот, голем ИПА проект, кој според сите планови на Делегацијата на ЕУ, треба да отпочне во последниот квартал на оваа или почетокот на наредната година. Финансиската поддршка во форма на грант со вредност од 1,3 милиони евра ќе обезбеди зајакнување на управувањето со шумарскиот сектор на темелите поставени со овој тековен проект“ истакна министерот Николовски.

Поддршката која како министерство ја добиваме од ЕУ носи развој во секој еден сектор.

„Преку ИПАРД програмата го развиваме македонското земјоделие, помагајќи во набавка на нова опрема и механизација за земјоделците. Со средства од ИПА фондовите градиме нови системи за наводнување на земјоделските површини, за да имаме поглем домашен принос и поквалитетна храна. Водиме грижа и за шумите, повторно со поддршка на Европската Унија, преку конкретни политики за зачувување и унапредување на шумите и шумскиот фонд во државата“ истакна министерот Николовски во своето обраќње.

Започнувањето на преговорите со ЕУ значи нова, уште поголема поддршка, која ќе придонесе во развој на сите сектори вклучително и секторот шумарство.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте