Вчера градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на ЈУДГ “25 Мај” каде што пристигна новото возило наменето за доставување на храна од централната кујна до клоновите на градинката.
Возилото е марка “Caddy 5 Cargo” и е со вредност од 1.320.000 денари, средства обезбедени до буџетот на општина Гази Баба.
Во следниот период ќе продолжат инвестициите и во обезбедување и адаптација на нови просторни капацитети за згрижување на деца.
Извор: Општина Гази Баба