spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Можност за пробивање на кочанскиот ориз на пазарите во Нови Сад

Кочани: Можност за пробивање на кочанскиот ориз на пазарите во Нови Сад

Во текот на вчерашниот ден заинтересирани фирми за кочанскиот ориз од Војводина остварија средба во Општина Кочани со локалните производители и преработувачи на ориз и со градоначалникот Љупчо Папазов, со цел пробивање на кочанскиот ориз на тамошните пазари и капацитети со кои тие располагаат.

На работниот состанок преку прикажана презентација присутните најпрвин се запознаа со ЈКП „Тржница“ Нови Сад, а потоа следуваа дискусии околу производството, квалитетот и пласирањето на странски пазари на кочанското бело злато, кое е познато и надвор од нашите граници.

Извор: Општина Кочани

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...