spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: На 25 и 26 јули ќе се врши авионска дезинсекција...

Струмица: На 25 и 26 јули ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни комарци

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека во деновите  25 и 26 јули 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:

  • На 25.07.2022 (понеделник), во општините Струмица и Гевгелија
  • На 26.07.2022 (вторник), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри. Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во периодот од 04.30 до 10.00 часот.

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

Џафери – Лапсли: Северна Македонија е ценета членка на Алијансата која...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и...