spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Извршено и второто авионско прксање против комарци

Гевгелија: Извршено и второто авионско прксање против комарци

Во рамките на годинашната дезинсекција против комарци, која се спроведува на територијата на целиот Југоисточен плански регион, денеска, на подрачјето на Општина Гевгелија беше извршено и второто авионско прскање против комарци.

Согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, во годинашната дезинсекција беа предвидени 2 ларвицидни и две авионски прскања против комарци. На подрачјата на 10 општини од ЈИПР останува уште да се реализира и втората ларвицидна дезинсекција.

Имено, третманот против комарци започна со првото авионско прскање кое беше спроведено во втората половина на јуни, а по неговата реализација уследи и првото ларвицидно прскање во првата половина на јули.

Со реализацијата на второто ларвицидно прскање, за чиј термин граѓаните ќе бидат навремено известени, ќе биде заокружен третманот против комарци, кој годинава започна многу подоцна поради техничките проблеми во Ситемот за јавни набавки што беа причина за одолжување на постапката за избор на изведувач. Дополнителна пречка за одложување на предвидените термини во реализацијата на неколкуте третмани беа непогодните временски услови.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте