spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Отворен Меморијалниот турнир во мал фудбал „КМФ Млади“- Миравци

Гевгелија: Отворен Меморијалниот турнир во мал фудбал „КМФ Млади“- Миравци

Одржувањето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „КМФ Млади“- Миравци, во саботата, започна со дуелите помеѓу јуниорите на СД „Тихо јуниор“- Миравци и сениорите „Мики Џа“ (2:2)- Гевгелија и „Бачило”- Mиравци (4:1). Во неделата, беа одиграни натпреварите помеѓу „Мотив дизајн“- Битола – „Бегниште“ (3:0) и „Мотив дизајн“- Битола – Кафе бар „Инфинити“- Валандово (5:2).

На Меморијалниот турнир во мал фудбал, кој го организира „КМФ Млади“- Миравци, засега, се пријавени 24 екипи, поделени во натпреварувачки групи. Со можност за пријавување на една сениорска екипа, додека пријавувањето на јуниорските екипи трае се уште.

Како што е објавено на Фејсбук-страната на организаторот, на турнирот учествуваат екипите: „Мотив Дизајн“- Битола, Кафе бар „Инфинити“- Валандово, „Бегниште“ (А- група); Струмица, „Венец Долни Дисан“, „Мартин Транс“ (Б-група); „Клими мк“- Кавадарци, „Миџи Џа“- Гевгелија, „Бачило“- Миравци (В-група); „Баламов компани“- Негорци, „Ескејп травел“, Златара „Ани“/Daily coffe house Гевгелија (Г-група); „Црна Река Возарци“, „Казино стар“- Куклиш, Gala bau Roko (Д-група); Живинарска фарма „Стокол“- Моин, „Зона енерџи солушн“- Неготино, Rock&roll bar La cathedral- Негорци (Ѓ- група); „Револушн девелопмент“- Неготино, „Лозари“- Кавадарци „Ри транспорт“- Давидово (Е-група) и „Алупласт Васил“- Јосифово, „Тунел“- Велес и Кафе бар „Проект“- Јосифово (Ж-група).
Пријавените екипи ќе се натпреваруваат за парични награди, чија висина за првото место изнесува 100.000 денари, за второто 60.000 денари, за третото 30.000 денари и за четвртото место 10.000 денари.

Прочитајте

Илинден: Асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено...