На 28 јули, започнува вториот по ред Меморијален турнир во баскет 3х3 „Иван Пенов“.
На кошаркарското игралиште позади Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија, до 4 август ќе бидат одиграни натпревари помеѓу пријавените 21 екипа во јуниорски и сениорски категории кои ќе му оддадат почит и ќе го продолжат споменот на прерано починатиот гевгелиски кошаркар, Иван Пенов, кој трагично го загуби животот.
Меморијалниот турнир е со натпреварувачки карактер, а за најдобрите екипи во двете категории се предвидени парични награди. На крајот од турнирот, ќе бидат прогласени и наградите MVP на турнир и MVP на финале.
На турнирот учество ќе земаат во категоријата сениори екипите на: Живинарска фарма „Стокол“, „Кичуков Компани“, „Фантоми Север“, Restaurant Cream, Monopoly coffe, Cabrela coffe, „Дон Андон“, Homemade Negorci, Tren, „Рекреативо“ „Партизан Моин“ и „Кожув“. Додека, во категоријата јуниори: „Римаг“, IBA, Basket Eagles, Amigos, Ballers, Prima Basket 2, Evrotip. Wizzards и Prima Basket 1.
Извор: Општина Гевгелија