spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Здравствени сметки, 2019/2020 година

ДЗС: Здравствени сметки, 2019/2020 година

Вкупните тековни трошоци за здравството во Република Северна Македонија во 2020 година изнесуваат 51 750 милиони денари и бележат пораст од 5.7 % во однос на 2019 година (48 949 милиони денари).

Сите видови трошоци за здравството, по здравствени функции и здравствени шеми, бележат пораст во 2020 година во однос на 2019 година. Вкупните трошоци за лекување во здравствените шеми во 2020 година изнесувале 28 445 милиони денари, додека во 2019 година изнесувале 27 657 милиони денари, што претставува пораст од 2.8 %.

Во 2020 година, трошоците на болниците за лекување изнесувале 17 110  милиони денари, што е 84.0 % од вкупните трошоци на болниците по здравствени функции. Во 2019 година, од болниците биле потрошени 16 412 милиони денари за лекување, односно 87.2 % од вкупните трошоци на болниците по здравствени функции.

По даватели на здравствена заштита, најголемо е учеството на болниците и тоа изнесува 20 361 милион денари во 2020 година, а 18 818 милиони денари во 2019 година.

Делот на владините (буџетски) механизми и задолжителното здравствено осигурување во тековните трошоци за здравството e најголем и во 2020 година тие изнесуваат 31 337 милиони денари, а во 2019 година 29 556 милиони денари.

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте